2010/07/13

За ЕУРЕКА

Filed under: — admin @ 14:55
  ЕУРЕКА ИНФОРМАТИКА од 1990

 

МИСИЈА Да развиваме, произведуваме и реализираме иновативни софтверски алатки за секојдневна употреба чуствувајќи ги потребите и давајќи им значење на сугестиите на нашите клиенти со посветеност, креативност и страст.

ИСТОРИЈА Софтверската работилница Еурека Информатика е основана 1990 година како резултат на позитивните општествени промени и константните промени во технологијата. Почнувајки како “one man band„ во следните години порасна и стана производител како на “стандардни апликации„ (финансиско работење, магацинско и материјално работење, плата, персонална евиденција …) така и на софтвери за специфични намени (царинско работење, евиденција на складови, паркинг простори, произведувајки меѓу другото и прв интегриран македонски софтвер за хотелско работење) со кои влегува во процесот на работење/производство на пооделни компании во потполност градејќи ги нивните информациони системи со цел на поддршка на менаџментот во управување, продукција, планирање и развој на истите. Како резултат на континуираниот раст и развој денес сме во состојба да реализираме комплексен систем за управување на хотелско работење за помалку од 30 дена вклучувајки ја набавката на опремата, инсталација, едукација и имплементација, а времето на одговор во случај на потреба од интервенција практично го сведуваме на минимум благодарение на новите технологии.

ФИЛОЗОФИЈА Филозофијата на Еурека Информатика се базира на една единствена приоритетна политика – да бидеме континуиран сервис за нашите клиенти и да раснеме со нивните потреби. Принципи на кои ја базираме нашата работа:

  • Да не им продаваме продукти туку заеднички да ги решаваме проблемите на клиентите и да ги задоволуваме нивните потреби;
  • Да го менуваме начинот на размислување;
  • Компјутерот да го направиме едноставен алат во секојдневното работење;
  • Да овозможиме што повеќе време за креативен живот на секое работно место;
  • Да ги исполнуваме очекувањата на корисниците;
  • Да бидеме вистински "уметници„ во својата професија;
  • Постојано унапредување на личното и заедничко знаење низ тимска работа;
  • Растечки квалитет преку култура на професионалност и етика;

Посебно сме горди на фактот дека најголем дел од нашите клиенти доаѓаат по препорака.

 

 

 

 

 

 

No Comments

No comments yet.

RSS feed for comments on this post.

Sorry, the comment form is closed at this time.

Powered by WordPress