Финансии

 

 

ФУНКЦИЈА  Апликацијата за финансиско работење еФИК е револуционерен програм за еФикасно ФИнансиско Книговодство во кој е вградено 25 годишно искуство во електронско книговодство. Покрај комплетно покривање на потребите на стандардното книговодство во Македонија, овозможува автоматско книжење на данок, детална даночна анализа и добивање на готов ДДВ04 образец за УЈП, паралелна обработка на податоци во денари и евра по дневен курс, комплетно девизно работење со подготовка на КИП и КИО обрасците за НБМ, автоматско и рачно затворање на побарувања и плаќања, салдирани плаќања, можност за креирање на сопствени модели на биланс на состојба и биланс на успех, употреба на економски единици и места на трошок при книжење… ВЛЕЗ Целокупниот внес на податоци во апликацијата се одвива на едно место, со опцијата за внес на налог. Овозможено е книжење на конто со противконто со еден чекор со автоматска пресметка на данок за контата кои претставуваат даночна основица. Олеснето е затворањето на фактури со можноста за распределба на плаќањата при самиот внес. Апликацијата врши автоматско затворање на фактури при книжење на налог, а овозможено е и рачно затворање со избор на конто и корисник. Вградено е и девизно работење. ИЗЛЕЗ Апликацијата има екстензивен сет на извештаи и анализи. Сите прегледи кои ги нуди апликацијата се со избор на македонски и на англиски јазик.

 

 

1. Состојба аналитика (аналитичка картица) – за конто + корисник – од / до месец – за една / сите економски единици – за една / сите позиции (места на трошок) – со / без салдо од претходен период

 

2. Аналитика ИОСи – за конто + корисник – од / до месец – за една / сите економски единици – за една / сите позиции (места на трошок) – постари од 45 / 60 / 90 дена – стандардна – салдирана – по документ

 

 

 

3. Состојба синтетика – за конто – за корисник – од / до месец – за една / сите економски единици – за една / сите позиции (места на трошок)

 

4. Состојба вкупно – за конто – од / до корисник – од / до месец – за еден / сите градови – за една / сите економски единици – за една / сите позиции (места на трошок) – со / без салдо од претходен период

 

5. Биланси – од / до месец – за една / сите економски единици – за една / сите позиции (места на трошок) – со / без салдо од претходен период – едноцифрени / троцифрени / комплет

 

6. Даноци вкупно – за тип документ – од / до месец – образец ДДВ04 – анализа по налози

 

7. Девизна аналитика – за конто + корисник – од / до месец – за една / сите економски единици – за една / сите позиции (места на трошок) – со / без салдо од претходен период

 

8. Девизна состојба вкупно – за конто – од / до корисник – од / до месец – за една / сите држави – за една / сите економски единици – за една / сите позиции (места на трошок) – со / без салдо од претходен период

 

9. Извештаи по меѓународни стандарди – биланс на успех – биланс на состојба – готовински тек – графички приказ на приходи/расходи

Go to Top