За Еурека

ФИЛОЗОФИЈА

Филозофијата на ЕУРЕКА Информатика се базира на една единствена приоритетна политика – да бидеме континуиран сервис за нашите клиенти и да раснеме со нивните потреби.  Посебно сме горди на фактот дека најголем дел од нашите клиенти доаѓаат по препорака. 

ЗА НАС

Формирано во 1991 година, ЕУРЕКА Информатика е едно од првите претпријатија во информатичката дејност во Македонија.

Главната визија на претпријатието е да обезбедува континуиран информатички сервис (софтвер и софтверски решенија, ИТ консалтинг) за своите клиенти.  Главни клиенти се производни и услужни претпријатија во Македонија.  Во моментот клиентската база на ЕУРЕКА Информатика ја сочинуваат над 100 претпријатија, со кои има воспоставено деловни односи базирани на доверба и навремено и квалитетно решавање на информатичките проблеми со кои се соочуваат клиентите.  Софтверите на ЕУРЕКА Информатика се имплементирани во трговски, производни и услужни претпријатија:

o   Трговија на големо и мало (во земјата и странство)
o   Бензиски станици и маркети
o   Угостителство (хотели и ресторани)
o   Производство
o   Услужни дејности


Софтверските решенија на Еурека Информатика претставуваат интегрирани софтверски модули кои покриваат разни сегменти од работењето на компанијата: маркетинг и продажба, операции и производство, финансии и сметководство.  Предноста во користењето на вакви интегрирани решенија е постигнување ефикасност во работењето преку елиминирање на потребата за повеќекратен внес на податоци, како и преку богатиот избор на релевантни извештаи за средниот и врвниот менаџмент во компаниите.