Овластен ИСПРАЌАЧ

Апликацијата за Евиденција за поедноставенa постапкa Овластен Испраќач е наменета за лесно и прегледно водење на евиденција за стоки ставени во транзитна постапка, кои се превмени од просториите за повеќекратно привремено чување и/или царински склад, согласно ЦЗ и УСЦЗ во Р. Македонија.

Евиденцијата ги содржи сите основни податоци за идентификација и утврдување на природата на стоките, со што овозможува царинската администрација, а особено појдовниот царински орган, да има целосен увид врз статусот на стоката од започнувањето на транзитната постапка до нејзиното завршување.

При приемот на стоката овозможено е да се испечати Известување до надлежниот Царински орган и/или надлежната Царинарница за ставање на стока во транзитна постапка.

Внесувањето на стоката во евиденцијата на Овластен Испраќач може да се врши со рачно внесување на податоците од транзитна декларација за стоката која ќе биде ставена во транзитна постапка, или пак, со превземање на експортирани податоци од транзитната декларација изработена во апликацијата Интегрирано Царинско Работење (ИЦР) и нивно дополнување со податоци потребни за евиденцијата на Овластениот Испраќач.

Апликацијата нуди повеќе извештаи за увид во евиденцијата на Овластениот Испраќач:

  • Картица за број: сите податоци за приемот во евиденцијата на Овластениот испраќач за даден број;
  • Дневен извештај: преглед на извршени активности во текот на еден ден или за еден одреден вработен или за сите вработени;
  • Книга на Овластениот Испраќач: краток или детален преглед на вкупна, евидентирана стока кај Овластениот Испраќач во даден период;
  • Евиденција: извештај за стока ставена во транзитна постапка од страна на Овластениот Испраќач, со преглед на податоците за стоката, како и D-бројот од декларацијата и бројот на раздолжувањето;
  • Преглед по возила: помошен преглед кој овозможува увид во евиденцијата според регистрациите на возилата со кои е замината стоката во даден период;
  • Преглед на Транзит декларации: преглед на Транзит декларации за избрана година, со информации референтниот број и датумот на декларацијата, D-бројот на транзитната декларација, бројот на раздолжување, износот на царинскиот долг, одредишна ЦИ, датумот и времето на пратеното известување во Царина.

One thought on “Овластен ИСПРАЌАЧ

Comments are closed.