Царински терминал

Апликацијата ЦТП е наменета за водење евиденција на прометот на возила низ просторот на Царински терминал и / или низ обичен Паркинг. Апликацијата ги задоволува сите позитивни законски прописи за работењето на Царински терминали кои важат во Р.Македонија.

Во апликацијата се овозможени селдните главни опции:

  • Влез на возило во постапка на увозно царинење
  • Влез на возило во постапка на извозно царинење
  • Влез на возило во обичен паркинг
  • Евиденција на извршено вагање
  • Евиденција на минување на возило (за утовар / истовар)
  • Излез на возило

Опциите Влез за Увозно царинење и Влез за Извозно царинење служат за евидентирање на доаѓање на возила под царински надзор на просторот на царинскиот терминал, со наплата на услуга за престој на возила на терминалот и опционално вагање при пристигање, со печатење фискална сметка и потврда за пристигање потребни за Царинските органи.

Опцијата за Вагање служи за евидентирање на услуга за вагање (заради печатење фискална сметка, потврда, евиденција на наплата).

Опцијата Утовар/Истовар служи за евидентирање на привремено минување на возило низ просторот на царинскиот терминал заради превземање на стока која е под царински надзор.

Излез на возило служи за евидентирање на заминување на возило од терминал и важи за сите возила (увоз, извоз и паркинг).

Со апликацијата е овозможена комуникација преку СМС пораки со лицата вклучени во конкретен предмет (превозник, сопственик на возило, цариник). Со таа опција се праќаат пораки до засегнатите страни во ситуации кога возилото е спремно за преглед, кога има неправилности или кога возилото е прегледано и спремно за истовар / заминување.

За услугите направени во Царинскиот терминал или Паркинг овозможено е да се дефинираат цени во опцијата Ценовник. При евидентирање на влез и излез на возила автоматски се пресметува (доколку така е дефинирано во ценовникот) и цена на услуга според: тип на паркирање, тип возило, потекло на возилото и тип на цена. За случаите кога терминалските услуги треба да се фактурираат (неготовинска наплата) овозможена е изработка на Фактура, водење евиденција за изработени фактури.

Прометот на терминалот, со соодветно претходно еднократно контирање, може да се книжи на дневна или периодична основа, со испраќање на податоци за автоматско вчитување во апликацијата за Финансии.

Апликацијата нуди голем број на прегледи и извештаи, со вклучени графиконски прикази и можност за печатење на матричен или на ласерски печатар по избор.