Loyalty e-card

Во 2018 година, Еурека Информатика доби поддршка од Фондот за Иновации и Технолошки Развој (ФИТР) за развој на онлајн платформа Loyalty E-Card. Проектот има за цел да им овозможи на компаниите, доминантно во услужна и трговска дејност, да креираат прогресивни програми за лојалност за своите постоечки клиенти (членови), но, исто така, преку овие програми за лојалност да привлечат нови членови и да ја подобрат продажбата на оние услуги и производи кои се недоволно искористени и промовирани.

Ова ќе се реализира преку веб базирана платформа како сервис за компаниите и нивните лојални клиенти (членови) кој ќе се состои од: веб апликација за компаниите за дефинирање и одржување на повеќенивовски систем за лојалност според критериумите кои ќе ги дефинира компанијата, како и веб и мобилна апликации за членовите (корисниците на услугите и производите на компаниите) за регистрирање во лојалити програмите. Во позадина на мобилната и веб апликацијата ќе биде стабилна SQL база со бизнис логика која ќе ги поддржува апликациите. Со мобилната апликација ќе се надмине потребата од печатени картички за лојалност, кои клиентите секако ги забораваат или губат, односно клиентите ќе добијат е-картичка на мобилен телефон. Едновремено, со инсталираната апликација на своите мобилни телефони, членовите ќе имаат подобар увид за можните бенефиции и корисности од користење на одредени услуги, кои компаниите ги промовираат.

Критериумите и нивоата на лојалност, а соодветно на тоа и бенефициите што ќе ги добиваат членовите, ќе ги дефинираат компаниите, согласно со нивните стратегии и програми за лојалност. Како потенцијални корисници од страна на компаниите се јавуваат голем број на услужни фирми во областа на хотелиерство, ресторани и кафулиња, малопродажба (бензински станици, продавници за храна и пијалок,облека, опрема за домаќинстава) итн. Програмата е особено атрактивна за корпорации со повеќе фирми со различни дејности , а ќе овозможува и кобрендирање, односно заедничка понуда на две или повеќе компатибилни компании, според нивните замисли за здружување и заеднички стратегии за лојалност.

Во рамките на овој проект ќе се изврши изработка (кодирање) на овој веб базиран систем за програми за лојалност, којшто ќе биде структуриран на начин да може да се користи од страна на клиенти на Еурека Информатика (интеграции со постоечките софтвери за хотелско и ресторанско работење, малопродажба, производство и финансиско и материјалнно работење), но и за компании кои не се клиенти на Еурека Информатика, преку интеграции со нивните други софтвери, или без интеграции со рачен внес во овој систем.