Плата

ФУНКЦИЈА 

Апликацијата за Пресметка на плата овозможува високо параметризиран и автоматизиран процес на пресметка на плата. Термините и изразувањето на платата е во согласност новиот Закон за работни односи и измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Опфатени се сите законски предвидени категории на плаќања: основна палта, дел од успешност, додатоци и надоместоци, начинот на пресметка е детално усогласен со важечката регулатива. Пресметката на данок, придонеси и другите давачки е целосно автоматизирана. Дополнително е овозможено работа со кредитни отплати и плаќања. Апликацијата овозможува автоматско извотвуање на МППП. 

ВЛЕЗ 

Формирањето на платната листа е автоматско со предвземање на податоци од Кадровска евиденција. Основната плата се пресметува на база на предвземените податоци без потреба од корисничка интервенција. Внесот на податоци се состои од промените на основната плата за секој вработен по основ на додатоци, надоместоци и задршки.

  • Параметри за пресметка (просечни плати, стапки на придонеси и данок …)
  • Додатоци за сменска, прекувремена, продолжена работа
  • Надоместоци (боледувања, скратено работно време, отсуства …)
  • Членарини и други задршки (синдикат, комора …)
  • Кредитни отплати и плаќања (кредити, осигурувања …)

ИЗЛЕЗ 

Резултатите од пресметката на плата на корисникот му се достапни преку детален преглед на користените плаќања, нивното појавување, рекапитулар по деловна и организациона единица. Паралелно и автоматски со пресметката на плата за работниците се формираат МППП и ПДД-МП како и листата на вирмани за уплата на данок и придонеси.

  • Печатење на листица за работник
  • Пресметка и печатење на ПДД-МП (Даночна пријава)
  • Пресметка и електронски запис на МППП
  • Генерирање и печатење на вирмани (придонеси, данок, исплата …)

ИНТЕГРАЦИЈА 

Апликацијата овозможува автоматско книжење на пресметката и исплата на плата. Согласно потребите на корисникот се конфигура Образец на книжење со што се овозможува произволно контирање на плаќањата/пресметките. Книжењето може да биде збирно, по огранизациона единица или по работник, овозможена е различна аналитичност по плаќања согласно потребите на корисникот.