Царински складови

Апликацијата за Јавни и Приватни Царински Складишта е наменета за лесно и прегледно водење на евиденција за работата на еден или повеќе Јавни или Приватни царински складови, како и за водење евиденција за Простории за привремено чување. Во неа се опфатени сите аспекти од работата на складови од тип A, C или D и Простории за привремено чување според позитивните законски прописи кои важат во Р.Македонија : прием на стока според царински документи, разни вообичаени форми на ракување кои може да се јават во врска со примената стока, евиденција на извршени дополнителни услуги, делумно или целосно искладиштување на стока со можност за нејзино префрлање во обичен склад (заедничко чување), како и изработка на фактури за извршените услуги.

При пријавување за секоја стока се доделува уникатен магацински број по кој таа може да се референцира низ апликацијата. 

Во текот на престојот во складот врз стоката може да се извршат повеќе вообичаени форми на ракување, а врз основа на добиен царински документ. Апликацијата нуди можност за детален увид во сите промени во податоците, вклучувајки ги при тоа и корекциите на погрешно внесени податоци.

Стоката во текот на престојот во складот може да се задолжува и со дополнителни услуги кои ги нуди складиштарот. Кои услуги се нудат и по која цена дефинира складиштарот во опцијата Ценовник. Со посебна опција за евидентирање на склучени договори со коминтенти е овозможено доделување посебни услови за плаќање за одредени или за сите услуги за еден коминтент.

Излезот на стока може да биде еднократен или дел по дел. Доколку сопственикот не ја подига стоката веднаш овозможено е нејзино автоматско префрлање во евиденција во некој од обичните складови за заедничко чување

При излез на стока е овозможено автоматско генерирање на фактура за сите услуги направени за магацинскиот број до тој момент.

Апликацијата нуди можност за печатење на потврда за секоја од погоре наведените активности и тоа на А4 или на А5 формат на хартија по желба на корисникот.

Евиденција на искористеност на Гаранција

Од аспект на водење Евиденција за искористеност на Гаранцијата, апликацијата нуди два начина за пресметка на искористеноста и тоа:

  • прецизна пресметка: со внес на точен износ на царински долг со кој се оптоварува Гаранцијата за секое наименувание од декларацијата при влез на стока и со внес на точен износ на раздолжување на царинскиот долг за стока која излегува е овозможено добивање прецизен износ на искористеност на Гаранцијата во секој момент
  • процентуална пресметка: износот со кој се оптоварува Гаранцијата се пресметува процентуално од фактурната вредност на стоката, при што процентот се задава по потреба при извршувањето на секоја пресметка

Извештаи и прегледи

За увид во состојбата на стоките во складот на располагање се повеќе прегледи и извештаи и тоа :

  • Картица за магацински број: сите промени , корекции и услуги поврзани за еден магацински број
  • Дневен извештај: преглед на извршени активности од еден или од сите вработени за ден или период
  • Краен рок: преглед на сите магацински броеви кои доспеваат за искладиштување во одреден период
  • Соработка со фирма: моментална или целокупна соработка со одредена фирма
  • Книга на склад: краток или детален преглед на вкупна , раздолжена или нераздолжена стока која влегла во склад во даден период
  • Извештај по Локации: преглед на распределеност на стока по интерните локации во складот за даден период
  • Преглед по документ: опција наменета за брзо и ефикасно пронаоѓање на стока за која е применет царински документ со даден број
  • Преглед по возила: опција наменета за брзо и ефикасно пронаоѓање на стока чиј прием или излез е поврзан со возило со дадена регистрација
  • Преглед за период: квантитативен детален или просечен (по ден, недела, месец или година) преглед на движењето на стока низ Царинскиот склад
  • Преглед по групи: опција наменета за брзо и ефикасно пронаоѓање на стоки кои биле вклучени во Групирање според даден царински број